Македонија
18. March 2025 - 17:09

Со мирен марш средношколците од Охрид им оддадоа почит на настраданите во Кочани

Тажна е атмосферата и во Охрид. Државното знаме на јарболот во центарот на градот е на половина копје, средношколците со мирен марш од своите училишта утрово се упатија до градскиот плоштад запалија свеќи, положија цвеќе и со молчење изразија сочувство до семејствата на настраданите во кочанската трагедија.

Младите но и граѓаните велат потребни се поригорозни мерки, кои ќе донесат подобар живот и подбра иднина.

Инаку општата Болница Охрид и Нефрологија Струга ги ставија на располагање своите ресурси за укажување на медицинска помош за настраданите во трагичната несреќа во Кочани.