Владата на седница ќе ја потврди Одлуката за покривање на трошоците на двајца членови од семејствата на пациентите кои ќе се транспортираат во странство
За час и половина Владата ќе одржи седница на која ќе биде потврдена Одлуката за покривање на трошоците на двајца членови од семејствата на пациентите кои ќе бидат згрижени во болници надвор од државава, информира денеска премиерот Христијан Мицкоски по посетата на ГОБ „8 Септември“.
Како што рече Мицкоски, според Одлуката, предвидено е да бидат покриени трошоците за превоз и сместување.
Прмеиерот апелира секој што бил во периметарот на ужасниот настан да се јави на доктор, независно дали чувствува проблеми или не.
- Како Влада правиме се што можеме за да спасиме човечки животи. Голем дел, повеќе од 70, 80 пациенти се надвор од државата. Денеска и министерот за надворешни работи и надворешна трговија и министерот за здравство се во Солун и од таму одат во Софија да ги посетат дел од згрижените пациенти. За час и половина имаме седница на Владата, ќе ја потврдиме одлуката да ги покриеме трошоците на двајца членови од семејството за да појдат онаму каде што се згрижени пациентите и превоз и сместување, потенцира Мицкоски.
Претходно, директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски кој беше заедно со Мицкоски во ГОБ „8 Септември“, рече дека од денеска пациенти ќе се испраќаат и во Италија, Холандија и Белгија зашто капацитетите во соседството се веќе пополнети.
Ново на Сител
-
Кос: Сребреница е длабока рана на европската историја
-
Седница на Советот на јавни обвинители
-
САД подготвуваат предлог-закон за санкции од 500 отсто за земји што купуваат руска енергија
-
Битолчанец нападнат со кујнски нож додека си ја редел тезгата во „Новиот пазар“
-
Трамп ги оправдува царините од 35 посто за Канада поради кризата со фентанил во САД
-
Уапсен 74-годишник кој подметнал три пожари во тетовско
-
ЦУК: До 7.30 часот седум активни пожари, четири под контрола и 27 изгаснати
-
Почнува судењето на поранешниот директор на Онкологија, Васев, и тројца онколози за несовесно лекување пациенти