Се повеќе граѓани од странство нудат бесплатно сместување и превоз за семејствата на повредените во пожарот во Кочани
Се поголем број граѓани од странство нудат бесплатно сместување и превоз за семејствата на повредените од пожарот во Кочани. На социјалните мрежи секојдневно има објави со контакт телефони за бесплатно сместување и превоз до болниците во Србија, Грција, Хрватска, Австрија, Бугарија... Денеска на седница на Влада треба да биде донесена и одлука за покривање на трошоците за превоз и сместување за семејствата на повредените кои се хоспитализирани во странство. Повеќе информации може да добијат на телефонот 070 270 370.
Централизирани информации за помош на семејствата на повредените може да се најдат и на sos-smestaj.com.
Сместување за роднините на повредените кои се хоспитализирани во Солун, но и транспорт од сместувањето до болниците обезбедува и Здружението на бизнис жени од Грција кои имаат на располагање околу 20 соби и кревети. Претседателката на Здружението Апостолина Цалтабаси во разговор со дописничката на МИА од Атина посочува дека ова е чин на човечност, хуманост, љубов и пријателство, но и најмалку што можеле да направат.
- И ние пред две години со железничката несреќа кај Темпи поминавме исто и знаеме колку е драматично да се загубат толку млади деца и толку неправедно. Ги прашавме веднаш дали можеме да понудиме некаква помош, дали материјално-техничка или што било друго, а во тој момент таму преовладуваше паника, вели Цалтабаси за МИА.
Во болниците во странство досега се хоспитализирани 76 пациента и тоа во Србија, Хрватска, Словенија, Бугарија, Грција, Австрија и Литванија. Во Скопје остануваат на лекување 89 пациенти.
Ново на Сител
-
Одземени возила што биле користени во „диви“ трки во Скопје
-
МЗ: Ги следиме потребите на населението во Кочани, на терен зајакнати медицински тимови
-
Пронајдени околу 10.000 парчиња пиротехника на Бит Пазар, лишено од слобода едно лице
-
Седум лица повредени во пожарот во Кочани се транспортираат во Шпанија
-
Престрелка во Скопје, едно лице застрелано
-
Уште три лица од пожарот во Кочани ќе се лекуваат во Турција
-
Српското Независно здружение на новинари побара локалните медиуми да ги избришат фотографиите и снимките од погребот во Кочани
-
ССНМ го осудува неетичкото известување на дел од медиумите од денешните погреби на жртвите од трагедијата во Кочани