Нападната старица во својот дом во Гевгелија
Старица од Гевгелија е нападната во својот дом на улицата „Ѓоко Тутушев“ од страна на маскирани лица кои сакале да ја ограбат.
Настанот се случил ноќеска во 1:30 часот кога разбојниците тропнале на вратата од домот на 74-годишната М.Г., а откако таа отворила ја совладале со спреј солзавец. Разбојниците, како што соопшти денеска полицијата, ја удирале со шлаканици по лицето и барале да им каже каде се наоѓаат парите и златните предмети. Откако старицата почнала да вика и да бара помош, крадците ја напуштиле куќата.
Поради проблеми со очите предизвикани од спрејот, старицата е пренесена во Општата болница во Гевгелија, каде и е укажана лекарска помош.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од полициската станица во Гевгелија. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.
Ново на Сител
-
Приведен 34 годишник во Ѓорче Петров, полицијата пронашла нож
-
Јапонија нема да учествува на конференцијата на ОН за забрана на нуклеарното оружје
-
Изминатиот месец 23.844 санкции за возачи, 7.437 возеле побрзо од дозволеното
-
Уапсен 20 годишен кумановец, при претрес на неговиот дом пронајдена е дрога
-
Железничката несреќа кај Темпи и понатаму главна тема во Грција
-
Врнежите поволни за земјоделството, почнува садењето на ранoградинарските култури
-
Пожарникарите се борат со речиси 200 шумски пожари во Северна и Јужна Каролина
-
Калас: Вашингтон го промени ставот по разговорите со Русија