Јахоски спроведен во „Шутка“ на 30 дневен притвор
Кривичниот совет при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по жалба на Основно јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, донесе одлука со која мерката куќен притвор за Асмир Јахоски во врска со истрагата за набавка на мазут за ТЕЦ Неготино, се преиначува и се определува мерка притвор во траење од 30 дена.
Донесеното решение, како што информираат од Кривичен, е доставно до странките во постапката и добиено е известие од надлежната полициска станица дека лицето е обезбедено и спроведено во Истражниот затвор Скопје.
- Кривичниот совет, постапувајќи по жалба на ОЈО ГОКК изјавена против решение на судија на претходна постапка против А.Ј., а поврзано со истрагата за набавка на мазут во ТЕЦ Неготино и одговорот на жалба донесе решение со кое: Мерката куќен притвор, определена со решение на судија на претходна постапка се преиначува и се определува мерка притвор во траење од 30 дена заради постоење на основите од чл. 165. ст.1 т. 1 и 2 односно Опасност од бегство и Околности кои укажуваат дека истиот може да ја попречи истрагата со влијание врз сведоци, се вели во соопштението од Основниот кривичен суд Скопје.
Против ова решение странките имаат право на жалба пред Апелациониот суд Скопје.
ОЈО ГОКК вчера го обжали решението за куќен притвор за Асмир Јахоски во врска со истрагата за набавка на мазут за ТЕЦ Неготино.
-Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција го разгледа Решението со кое не се прифати предлогот на Обвинителството за определување на мерка притвор и на осомничен му беше определена мерка куќен притвор и мерка на претпазливост – одземање на патна исправа и забрана за издавање на нова патна исправа, соопшти вчера ОЈО ГОКК.
Незадоволно од ваквата одлука, како што се наведува во соопштението, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во законски утврдениот рок до Кривичниот совет при Основниот кривичен суд – Скопје поднесе жалба поради суштествена повреда на одредбите од кривичната постапка и побара Кривичниот совет да ги преиспита фактите содржани во жалбата, како и решавачките факти врз основа на кои е донесено обжаленото Решение.
Ново на Сител
-
Обвинителство бара од полицијата да провери информации за наводен контакт меѓу Универзитетот и Воениот синдикат во Белград
-
Тешка сообраќајка вечерва во Влае
-
Полиција за разбивање демонстрации пред Пионирски парк во Белград
-
Илјадници луѓе се собираат во Белград за утрешниот протест
-
Зеленски: Американски сателити може да гарантираат примирје во Украина
-
Дутерте преку видеоврска се појави пред судот во Хаг поради обвиненија за убиства
-
Киев: Подготвени сме да потпишеме договор за минерали, чекаме одлука од САД
-
Вучиќ за утрешниот протест: Ќе помогнеме во обезбедувањето на собирот, но одговорноста е на организаторите