-->
-->
Леклер е опседнат со мислата за титула со Ферари
-->
Шарл Леклер призна дека е „опседнат“ со помислата да стане светски шампион во Формула 1 со Ферари. Возачот од Монако ја започнува својата седма сезона со Скудерија и има забележано 126 трки со црвениот тим.
Само Михаел Шумахер, Кими Раиконен и Фелипе Маса имаат повеќе стартови за Ферари од Леклер.
Пилотот има 8 победи за 6 години во Маранело и никогаш не бил сериозен кандидат за светската титула.
- Ова е мојата единствена цел и сон што се уште не сум ги исполнил. Како дете имав многу соништа – да бидам Формула 1 возач, потоа да возам за Ферари, да победам во Монца и во Монако, сето тоа сега е факт. Сега ми останува само да станам светски шампион. Јас сум опседнат со ова, изјави Леклер во Мелбурн.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Израел почнува „тактичка пауза“ на воените дејствија во три области во Појасот Газа
-
Зголемена фреквенција на возила на граничните премини
-
Премиерот Мицкоски ќе присуствува на Македонскиот фолклорен фестивал Преспа
-
Официјално: Ѓекереш нов играч на Арсенал
-
Македонија по втор пат подобра од Швајцарија
-
Сончево и топло, попладне услови за дожд
-
Не е вистина дека гори брод во Охридското езеро, демантира МВР
-
МВР со показна вежба на Охридското Езеро