Македонија
10. March 2025 - 12:14

Нов закон за сезонски работници

Со нов закон ќе се сузбива сивата економија. Работодавачите ќе исплаќаат данок на личен доход и придонес за пензиско и инвалидско осигурување на сите работници кои привремено или сезонски ќе ги ангажираат. Работници, пак, можат да бидат невработени, вработени, студенти, пензионери. Притоа невработените нема да го изгубат статусот на невработени, а студентите и натаму ќе можат да користат стипендии. Работниците ќе може да се ангажираат само во 3 сектори, земјоделство, домашни услуги и угостителство.