Божиновска: Жените не ја чекаат иднината – тие ја создаваат
Жените не се иднината на енергетиката и рударството - жените се сегашноста, порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска на настанот „Енергија на успехот: Таму каде што жените создаваат, иднината се менува“.
Овој настан, организиран од министерката Божиновска, беше посветен на жените кои ја обликуваат иднината на енергетиката и рударството, индустрии кои традиционално се сметаат за „машки“, но кои денес се сведоци на промени кои ги водат токму жените.
- Кога жените се дел од одлуките, енергетските стратегии се попаметни, а ресурсите се поефикасно искористени. Ова не е борба за да бидеме признати, ова е борба за резултати. Како министерка, мојата работа не е само да „мотивирам“ жени да влезат во секторот, туку да обезбедам услови тие да напредуваат во него, истакна Божиновска во своето обраќање.
Таа ги нагласи и конкретните чекори што о ги презема Министерствотза поддршка на жените во овие сектори, вклучувајќи професионален развој, менторски програми и родов баланс во управувањето.
На настанот присуствуваше и постојаната координаторка на ОН во земјава и признат меѓународен експерт за родова еднаквост, Рита Колумбија, која говореше и за нејзиниот пат како жена.
- Целта пред себе и одлучноста да бидам во можност да им помогнам на жените во светот е она што ме движеше напред. Како жена добро знам што се ни стои на патот. Клучно е да не го одиме патот сами, да имаме вистинска поддршка и партнерство во нашите семејства и опкружување, но и да се поддржуваме ние жените меѓу себе, да играме тимски и да напредуваме заедно, рече Колумбија.
Настанот вклучуваше две инспиративни панел-дискусии, каде над 50 жени-лидери од индустријата ги споделија своите искуства и визии.
Учесничките, меѓу кои Катерина Новакова (Рудник САСА), Кристина Крстева (рудник Бучим) Ана Мешко (АД ЕСМ) Кика Шпритова, раководител на одделение за рударство и Магдалена Даскалова (Сектор за обновливи извори на енергија) МЕРМС, разговараа за Разбивање на бариерите, нивните искуства во секторот, Родовата еднаквост – дали има значителен напредок и што треба да се подобри.
Во вториот панел, Соња Лепиткова (Македонско геолошко друштво), Александра Крколева (ФЕИТ), Симона Домазетовска (МЕПСО) Маја Аначкова (ЕСМ), Валентина Старделова (МЕРМС) дискутираа за: Клучните фактори за напредок во кариерата, како до лидерски позиции и успех, потребата од поддршка, менторство и вмрежување и како да се зголеми бројот на жени во STEM професиите.
- За да создадеме заедница на жени во секторот, треба да инвестираме во менторство и да ги подигнеме гласовите на оние кои веќе се успешни. Нивните приказни се најмоќната инспирација и ќе охрабрат, ќе го отворат патот, порачаа учесничките.
Настанот „Енергија на успехот“ не беше само прослава на достигнувањата на жените во енергетиката и рударството, туку и повик за акција. Тој ја истакна потребата од родова еднаквост, поддршка и инклузија во овие сектори, како и важноста на колективната обврска за поддршка на жените во STEM професиите -да се биде инспирација повеќе млади девојки да ја одберат оваа професија.
- Вашите приказни се моќни. Вашите достигнувања се инспиративни. И вашите соништа се остварливи. Продолжете да ги кршите бариерите и да инспирирате! Заедно, можеме се, порача министерката Сања Божиновска.
Ново на Сител
-
При претрес на началник во полициската станица пронајден солзавец и муниција
-
Две лица на возраст од 52 и 77 години пронајдени починати во своите станови во Скопје
-
Голем пожар во Хрватска меѓу Омиш и Макарска
-
ОЈО почна истрага за членот на „Десна“ кој се ослободил од пиштолот со кој Палчо пукал
-
Кумановец возел со 2,37 промили алкохол во крвта па удрил во паркирано возило
-
Уапсени двајца возачи, едниот возел со 1,90 промили алкохол, другиот со 1,60 промили алкохол во крвта
-
Јаневска: Воведување на вештачката интелигенција е следен чекор во процесот на дигитална трансформација на образовниот систем
-
Приведена бегалка од затвор, вратена е во КПУ Идризово