Меркел: Затворањето на балканската рута не е трајно решение
Еден ден по лошите резултати за нејзината Христијанско демократска унија (ЦДУ) на изборите во три германски федерални покраини, канцеларката Ангела Меркел призна дека нејзината земја има корист од затворањето на балканската рута за мигрантите кои се движат кон ЕУ.
Како што јави дописникот на МИА од Берлин, Меркел предупреди дека и покрај бенефициите за Германија од затворањето на рутата, тоа сепак не е трајно решение.
- Јасно е дека Германија има корист од затворањето, но од сликите од Грција можеме да видиме дека тоа не е трајно решение, изјави денеска Меркел во Берлин.
Канцеларката признава дека одличните резултати за антиимигрантската партија Алетрантива за Греманија (АФД) на покраинските избори се „глас на протест“ против нејзината политика на отворени врати за бегалците, но нагласи дека сепак таа не се откажува од неа.
Меркел оцени дека изборите биле „тежок ден за ЦДУ“ и дека таа ќе продолжи со нејзината стратегија да се запре рекордниот број на бегалци во Германија.
Таа инсистира проблемот со бегалците да се решава во рамки на заедничката европска политика и да се соработува со Турција за ова прашање, но притоа порача дека Анкара не треба да очекува членство во ЕУ само поради соработката во бегалската криза.
- Има неколку теми поврзани со Турција и многу е важно да се каже дека Турција мора да исполни одредени предуслови, тука нема компромис, изјави Меркел на три дена пред новиот самит на Унијата на кој што треба да се финализира договорот ЕУ-Турција.
Ново на Сител
-
Почна со работа Работната група за воспоставување на Регистар за недвижниот имот на државата
-
Кривична за автомеханичар од Охрид: Вадел исправни делови од автомобили и ги продавал
-
Австрискиот европратеник Томас Вајц нов известувач на ЕП за Северна Македонија
-
Главниот државен обвинител на Украина поднесе оставка по голем скандал во армијата
-
Најмалку 31 загинат при напад на суданската армија врз џамија
-
По апсењето на Мета, средба на Ненси Ван Хорн и министерот Хоџа
-
Претседателката на ЕК Урсула фон дер Лајен в четврток во Скопје
-
Битолчанец пронашол 10 рачни бомби при чистење на стан