Палчо: На денот на убиството на Вања бев во банка
Љупчо Палевски кој е обвинет дека со пиштол ги застрелал Вања и Панче, вината за двете убиства се обиде да ја префрли кај Боре Видевски.. За сведок на денешното судење повика полициски инспектор од Велес кој при претресот на домот на Видевски, не го пронашол пиштолот за кој поседувал дозвола.. Го праша зошто одземената дозвола за поседување и носење на пиштолот, куршумите и ловната пушка со дозвола не се во записникот за одземени предмети.. Оружјето и муницијата, не биле во записникот за пронајдени предмети кај Видевски, бидејќи скопската полиција евидентирала тоа што било во интерес на истрагата за двојното убиство, сведочеше инспекторот од СВР Велес..
„Не е нормално во истрага, луѓе да сомничиш за убиство, а да не провериш дали имаат оружје, дали поседуваат легално оружје и да не им направиш парафинска ракавица. До денес, тоа не е направено од обвинителството“, изјави Јовица Страшевски, Адвокат на Палевски.
И со снимки од банка во Скопје Палевски ќе негира дека стои зад убиството на Вања.. Иако обвинителството покажа како возилото на партијата со кое тој управува се движи низ Скопје до 10 часот и по убиството на девојчето се враќа во партијата, Палчо тврди дека тоа претпладне бил на шалтер во банка..
„Не може на две места да биде во исто време. –Во кој период тврди Палевски дека бил во банка? Па, периодот од 10 до 12 часот го побаравме за да точно се утврди“, вели Страшевски, Адвокат.
На следните рочишта закажани за месецов, пред судот ќе сведочат и петтемина обвинети..
-
Зоран Јаневски
Сите содржини од овој новинар