Зеленски: Разговорите со американскиот пратеник ја вратија надежта за договор со САД
Украинскиот претседател Володимир Зеленски вети дека Киев ќе работи брзо на изготвување на силен договор за инвестиции и безбедност со САД, нагласувајќи дека средбата со специјалниот пратеник на Вашингтон за Украина и Русија, Кит Келог, „ја вратила надежта“ за успех.
– Средбата со генерал Келог ја врати надежта. Ни требаат цврсти договори што навистина ќе функционираат. Наредив да се работи брзо и без пристрасност, изјави Зеленски во своето вечерно обраќање.
Тој додаде дека деталите се клучни: „Колку подобро се изготвени, толку подобар ќе биде резултатот“.
Средбата се одржа ден откако Зеленски и американскиот претседател Доналд Трамп си разменија обвинувања, во време кога Вашингтон и Москва преговараат за крај на тригодишната војна без присуство на Киев на тие разговори.
По средбата, Зеленски на социјалната мрежа Икс напиша дека „Украина мора да обезбеди стабилен и траен мир – така што Русија никогаш повеќе да не може да ја обнови оваа војна“.
– Украина е подготвена за силен и ефикасен договор за инвестиции и безбедност со американскиот претседател. Нашиот тим е подготвен да работи деноноќно, изјави Зеленски.
Разговорите со Келог следеа откако Киев го одби првичното американско барање за експлоатација на ретки минерали во Украина.
Зеленски додаде дека фокусот на средбата бил состојбата на фронтот, безбедносните гаранции што ги бара Киев и размената на украинските воени заробеници.
„Важно е Украина и целиот слободен свет да ја почувствуваат силата на Америка“, напиша тој на Икс.
Ново на Сител
-
Прогласена вонредна состојба на грчкиот остров Хиос поради пожарите
-
Трамп: Никој да не ги зголемува цените на нафтата
-
Истрага за насилство против татко и неговите два сина, од кои едниот малолетен
-
Евакуација на четворица македонски државјани од Израел
-
ДУИ и ВЛЕН застанаа зад САД за Иран
-
Истрага за семејно насилство во Батинци – тешко повреден маж, вмешани татко, син и малолетник
-
САД издадоа предупредување до своите граѓани ширум светот за зголемена закана по нивната безбедност
-
Кривична против жители на Марена поради сомнеж дека краделе кабел за фотоволтаици за струја