Брнабиќ: Наскоро ќе има предлог за измена на Законот за високо образование
Претседателката на српскиот парламент, Ана Брнабиќ денеска изјави дека до крајот на неделата ќе биде претставен предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за високото образование.
Таа додаде дека со ова целосно ќе се исполни четвртото барање на студентите, кое се однесува на зголемување на средствата за државните факултети за 20 отсто.
Таа на ТВ Хепи рече дека законот во овој момент не треба да се менува бидејќи средствата се доделени, туку дека со нивно прецизирање на пленумот, студентите јасно ставиле до знаење дека би сакале да видат измени на законот за тоа да биде правна работа, а не само во 2025 година.
-Треба да го усвоиме на следната собраниска седница, за да се договориме дека барем едно барање е целосно исполнето, рече Брнабиќ.
Таа додаде дека обвинителството се уште ги повикува студентите во блокадите да прецизираат што во првите три барања не е исполнето за да може да се исполни.
Брнабиќ рече и дека Факултетот за медиуми и комуникации (ФМК), кој е приватен факултет, вчера соопшти дека дошле до заклучок дека мора да ја продолжат наставата, односно да ја укинат блокадата од 3 март, бидејќи доколку блокадите продолжат од тој датум, факултетот нема да може да ја заврши академската година и затоа ќе падне во стечај.
-Одговорноста е на деканите да кажат дали 3 март е краен рок и за нашите државни факултети, дека ако не почнат со работа од 3 март, им порачуваат на студентите дека оваа академска година е изгубена и не може да се заврши до септември, рече таа.
Како што рече, и државните факултети треба да излезат и да кажат дали тој рок важи и за нив бидејќи семестарот и наставата се исти како на ФМК.
Ново на Сител
-
Малолетник прободен со нож во автобус на ЈСП
-
87-годишна жена измамена за 6 илјади евра
-
Нападната малолетничка во Чаир - настанот бил снимен и објавен на социјалните мрежи
-
Родителите на Пешева задоволни од пресудата доживотен затвор за убиецот на нивната ќерка
-
ВМРО-ДПМНЕ и ВРЕДИ разговараат за промена на државниот грб, потврди Мицкоски
-
Поднесена жалба до Врховен на одлука за повторување на постапка за сообраќајка во која загина 16-годишник
-
Дурмиши: Во октомври и ноември се бележи пад на цените заради мерките на Владата
-
Мицкоски: Најпрвин економски да се зајакне државата, потоа со консолидираните пари да се отвораат конзулати во Корча