Ким: САД се виновни за сите конфликти и крвопролевања во светот
Лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг-ун, при вчерашната посета на Министерството за одбрана по повод одбележувањето на 77-годишнината од формирањето на севернокорејските вооружени сили, најави развивање на севернокорејските нуклеарни сили.
Тој истакна дека САД се виновни за сите конфликти и крвопролевања во светот и најави развивање на севернокорејските нуклеарни сили.
Според него американските нуклеарни стратешки средства распоредени на Корејскиот Полуостров, како и заедничките воени вежби на САД, Јапонија и Јужна Кореја доведуваат до „нови конфликтни структури“, што претставува голем предизвик за Пјонгјанг.
Ким ги обвини САД и за војната помеѓу Русија и Украина, потенцирајќи оти севернокорејската армија и народ непрекинато ја поддржува борбата на рускиот народ за „одбрана на својот суверенитет, безбедност и територијален интегритет“.
Претседателот на САД, Доналд Трамп, пред два дена, по средбата со премиерот на Јапонија, на која беше изразена загриженост за нуклеарната програма на Пјонгјанг, истакна дека ќе воспостави односи со Северна Кореја.
Ново на Сител
-
Калаc: САД сакаат кавга со ЕУ
-
Намален прометот во индустријата
-
Почина гинекологот и акушер проф. д-р Јован Јуруковски
-
Уапсен 47-годишен од с.Дражево, нападнал човек со остар предмет
-
Кривична против две лица од Кочани поради користење на туѓа дебитна картичка
-
Нападната 46-годишна жена на нејзиното работно место во Скопје
-
Кривична за 33-годишен штипјанец, нудел пари да се запали возило на друго лице
-
Трошоците на живот во јануари на годишно ниво повисоки за 4.9 %, а цените на мало за 5.2 %.