Во Србија повикуваат на нов петдневен бојкот на трговските синџири, некои ги зголемија цените дополнително
По бојкотот на големите трговски ланци што се одржа во петокот на 31 јануари во Србија, Здружението за заштита на потрошувачите Ефектива ги повика граѓаните на нов бојкот.
Ефектива упати нов повик до потрошувачите да ги бојкотираат петте големи трговски синџири – Делеза, во која се Maxi и Shop&Go, Меркатор, кои ги вклучуваат Idea и Roda, како и DIS, Lidl и Univerexport, јавија српските медиумис.
Повикот е да се спроведе бојкот што ќе трае од понеделник, 10 ефвруари до петок, 14 февруари.
Од Ефкетива наведуваат дека тој повик го поддржале и здруженијата на потрошувачи Просперитет од Нови Сад и Републичкиот сојуз на потрошувачи од Белград.
„Од последниот бојкот во петокот на 31 јануари и по јавниот повик до трговците да преземат конкретни чекори за намалување на цените, дури се случи некои бојкотирани трговци да ги зголемат цените. За ова е потребен нов потрошувачки бунт, кој ќе се преведе во петдневен бојкот“, велат тие.
Ново на Сител
-
Во Скопје се одржа шестата Парада на гордоста
-
Сиљановска-Давкова прими Американци кои се на аџилак во земјава
-
На Табановце од македонска страна се чека околу 30 минути
-
Бугарија има јасен план за воведување на еврото од 1 јануари 2026 година, соопшти бугарската Влада
-
ОЈО: Скопјанец осомничен за семејно насилство, предложен притвор
-
При претрес на началник во полициската станица пронајден солзавец и муниција
-
Две лица на возраст од 52 и 77 години пронајдени починати во своите станови во Скопје
-
Голем пожар во Хрватска меѓу Омиш и Макарска