Сиљановска-Давкова ќе учествува на одбележувањето на 153-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ќе учествува на одбележувањето на 153-годишнината од раѓањето на великанот на македонското револуционерно дело Гоце Делчев, информираат од нејзиниот кабинет.
Предвидено е претседателката Сиљановска-Давкова, по тој повод да положи цвеќе на неговиот гроб во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје.
Потоа Сиљановска-Давкова ќе го посети Универзитетот „Гоце Делчев“ - Штип, каде ќе положи свежо цвеќе пред споменикот на Гоце Делчев, што се наоѓа пред ректоратот на универзитетот во Ново Село и ќе присуствува на одбележувањето на годишнината од раѓањето на македонскиот револуционер.
Предвидена е и средба со ректорот на универзитетот, проф. д-р Дејан Мираковски, на која ќе присуствуваат и градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов, пратеници, декани од ректорската управа и претставници од Универзитетското студентско собрание.
Во рамки на посетата на Штип, претседателката Сиљановска-Давкова ќе го посети и Музејот на дејците на ВМРО од Штип и штипско.
Ново на Сител
-
УЕФА го претстави дизајнот на топката за финалето на Лигата на шампионите
-
На Токсикологија нема пациенти кои го следеле „Тикток“ предизвикот со парацетамол
-
Обвинителот побара доживотен затвор за убиецот на штипјанката Емилија Пешева
-
530 возачи казнети во Скопје, 238 за пребрзо возење, 43 за возење без возачка, 10 под дејтсво на алкохол
-
Се чека одговорот на членовите на Судскиот совет
-
Еуроактив: Бугарија нема да попушти
-
Муцунски во посета на Австралија
-
СДСМ: Мицкоски потрошил 60.000 евра на социјални мрежи