Четиригодишно дете починало во Струшката болница
Четиригодишно дете утрово почина на Детското одделение во Струга Од Струшката болница велат дека станува збор за дете со тешка форма на церебрална парализа кое имало потешкотии од самото раѓање и загрозени витално параметри ,било донесено во многу лоша здравствена состојба во детското одделение во болницата била преземена реанимација по сите здравствени протоколи но за жал не успеале да го спасат детето.
„Детето во Болницата во Струга е донесено во многу тешка форма со подраширени зеници, ослабено срце и загрозени сите витални параметри. И покрај долгата реанимација и борбата на лекарите да го вратат во живот било неуспешно. Имало тешка форма на респираторна инфекција со загрозени сите витални параметри информира директорот на болницата Владимир Бунчески.
Случајот во полиција бил пријавен во 9:50 часот од медицински лица од Општата болница во Струга.
– Медицински лица од Општата болница во Струга е пријавено дека, на Детското одделение во болницата било донесено четиригодишно дете од Струга, кое извесно време било во тешка здравствена состојба. И покрај итно укажаната медицинска помош, починало, изјави портпаролот Стефан Димоски.
Детето било родено во Италија со тешка форма на церебрална парализа, каде докторите им соопштиле на родителите дека ќе живее три до шест месеци.
Полицијата презема мерки за целосно расветлување на настанот увид извршил и јавен обвинител и во координација со семејството кое немало забелешки во однос на лекувањето телото нема да биде предадено на обдукција. Не била констатирана лекарска грешка, биле преземени сите здравствени мерки.
-
Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар