Во Колумбија регистрирани над 51.000 заразени со вирусот Зика
Во Колумбија се регистрирани над 51. 000 заразени од вирусот Зика, меѓу кои 9.511 се бремени жени, што значи дека само за една недела има околу 3.700 нови случаи, покажуваат официјалните податоци на здравствените власти во оваа втора, по Бразил, најзасегната латиноамериканска земја со епидемијата, пренесуваат француските медиуми.
Од 28 февруари до 5 март Националниот институт за здравствена заштита регистрирал 3.702 нови случаи на Зика, а 2.259 биле од овој период, додека 1.443 од претходните недели, но тогаш тие не биле соопштени. Со тоа, вкупниот број на заразени достигна 51. 473 лица.
Вирусот Зика се пренесува преку убод од тигрест комарец и предизвикува лесни симптоми на грип, но, исто така, се смета дека нанесува оштетувања врз мозокот на бебињата, врз рбетниот мозок, го предизвикува заболувањето познато како синдром на Гилен-Баре, тешки невролошки пробеми и го оштетува нервниот систем, предупредуваат научниците.
По Бразил, на почетокот на март во Колумбија беше регистриран првиот случај на микроцефалија (малформација кај новородечиња, кои се раѓаат со помала глава), поврзан со вирусот Зика,соопшти британското научно списание „Нејчр“.
Од 15 декември минатата година до 5 март 2016 година колумбискиот Институт за здравствена заштита регистрирал 327 случаи на невролошките синдроми (Гилен-Баре и различните полиневропатии) со навестувачки состојби слични на заразата со вирусот Зика.
Институтот, исто така, информира за 77 смртни случаи, кои може да се поврзани со болеста денга, која се шири од овој комарец и која од почетокот на годината до сега заразила 26. 691 лица во Колумбија.
Во Бразил, најзафатената држава, веќе се регистрирани над 1,5 милион случаи на Зика.
Светската здравствена организација (СЗО) предупреди дека вирусот се шири низ цела Америка, со исклучок на Канада и Чиле.
Ново на Сител
-
Владата донесе одлука со која цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април
-
Фитнесот почна како мода но полека стана здрава навика | Стефанија Бубало | Јанг стори | Sitel Podcast 032
-
ДИК донесе заклучок за конечност на резултатите од првиот круг на претседателските избори
-
Бискупот Стојанов упати Велигденска честитка до Архиепископот г.г. Стефан и верниците
-
Пронајдено тело на починат маж во Вардар во Велес
-
Благодатниот оган и оваа година од Ерусалим ќе пристигне во Грција
-
Зеленски: Русија во април употреби 300 ракети, 300 дронови и 3.200 касетни бомби во нападите врз Украина
-
ДСЗИ најави забрана на Клиниката за токсикологија за здравствени работници без договори за вработување