Што ако најубавите нешта во животот веќе ги имате, но не ги гледате?
Живееме во време кога трката за пари, статус и материјални добра често нè остава слепи за она што го имаме. Но, дали некогаш сте помислиле дека најубавите нешта можеби веќе се тука, само што не сме ги забележале? Во оваа празнична сезона, да отвориме поинаква тема – за вредноста на обичните, секојдневни нешта што го прават животот богат.
Секој ден ни носи безброј мали благослови – од утринската порака „како си?“, до најголемите радости, како доброто здравје, љубовта на семејството или топлината на домот и спонтаната насмевка од пријател. Но, бидејќи сме навикнати на нив, тие ни стануваат невидливи. Во моментот кога ќе ги изгубиме или ќе ни недостасуваат, сфаќаме колку биле важни.
Не треба да чекаме голем повод за да ја видиме убавината на животот. Таа е тука секој ден – во гестот на пријател што ви носи кафе, во повикот „Стигна ли безбедно?“, или во тишината додека гледате зајдисонце. Малите нешта, кога ќе ги препознаете, стануваат најголемите подароци.
Празничните денови се совршено време да застанеме и да размислиме за тоа што навистина го прави животот посебен. Да ги цениме моментите и луѓето околу нас, затоа што тие се нашиот вистински капитал. Ладна, како симбол на чистотата и едноставноста, потсетува дека вистинските вредности не се спакувани во панделки, туку се секојдневно со нас.
Со празничната кампањата на Ладна, оваа година се обидуваме да ја откриеме магијата на секојдневните гестови. Тивките моменти на грижа и љубов се вистинските дарови што го прават животот поубав. Нека 2025 биде година полна подароци кои не ги гледаме, но ги чувствуваме.
Следете нè на нашите социјални мрежи: www.facebook.com/Ladna.mk или https://instagram.com/ladna.mk за да се потсетите на убавината на малите нешта и да ја славите благодарноста.
Ново на Сител
-
ОЈО: Скопјанец осомничен за семејно насилство, предложен притвор
-
При претрес на началник во полициската станица пронајден солзавец и муниција
-
Две лица на возраст од 52 и 77 години пронајдени починати во своите станови во Скопје
-
Голем пожар во Хрватска меѓу Омиш и Макарска
-
ОЈО почна истрага за членот на „Десна“ кој се ослободил од пиштолот со кој Палчо пукал
-
Кумановец возел со 2,37 промили алкохол во крвта па удрил во паркирано возило
-
Уапсени двајца возачи, едниот возел со 1,90 промили алкохол, другиот со 1,60 промили алкохол во крвта
-
Јаневска: Воведување на вештачката интелигенција е следен чекор во процесот на дигитална трансформација на образовниот систем