Во турските воздушни напади во северен Ирак убиени 67 курдски борци
Турската армија денеска соопшти дека 67 курдски борци во средата биле убиени во нападите на турските военовоздухоловни сили врз нивните кампови и складови со оружје во северен Ирак, пренесуваат британските медиуми.
Цел на нападите биле објекти во Кандил, Метина, Авашин, Хафтанин и Басјан, што биле користени од борците на Курдската работничка партија (ПКК), информира турската армија.
Турските власти уште додадоа дека борците на ПКК во петокот, во округот Хакари, во близина на границата со Ирак, во воздух кренале полициско возило. Во експлозијата биле ранети двајца полицајци од специјалните единици.
Примирјето меѓу ПКК и турските власти беше нарушено во јули минатата година и оттогаш во честите судири во југоисточниот дел на Турција, населен главно со Курди, загинаа стотици луѓе.
Ново на Сител
-
Зеленски и се заблагодари на ЕУ за 17. пакет санкции кон Русија
-
Јас пцујам ама не крадам | Пeтар Богојески | Неформално | Sitel Podcast 095
-
Подољак: Ништо не се промени по телефонскиот разговор меѓу Трамп и Путин
-
Администрацијата на Трамп планира да депортира 200.000 украински бегалци
-
Мицкоски најави нов договор со друга европска држава
-
Љутков: Разловечкото востание е темелот на нашата држава, историја што не смееме да ја заборавиме
-
Мицкоски: Трикови околу цените на храната нема да толерираме
-
Лимани: Над 700 вработувања на Албанци имаше кога бев заменик директор на електрани