Македонија
12. January 2025 - 16:28

Охрид се мобилизира

Охрид се мобилизира со снежните врнежи .Од раните утрински часови дежурните екипи се на терен со целокупната расположлива механизација, се расчистува снежната покривка од коловозите до повисоките населени места ,главните сообраќајници и улиците во централното подрачје.Околу  80 работници вршат рачно расчистување на снегот ,се интервенира и по пешачките зони, тротоари и  пристапни патеки .Во градот наврнаа околу 5 сантиметри снег .

Ситуацијата будно се следи бидејќи повторно се создава нова покривка и се делува во повеќе наврати. Екипите цел ден ќе бидат на терен и активно ќе го расчистуваат снегот според приоритет.

Надлежните со апел до граѓаните и самите да придонесат  и да помогнат во расчистувањето на површините пред нивните станбени и деловни објекти што впрочем е нивна законска обврска .Од Центарот за управување со кризи пак посочуваат дека состојбата на територијата на Општина Охрид е стабилна а  сообраќајот  се одвива редовно по влажни коловози во зимски услови.