Украина ноќеска соборила 60 од 94 лансирани руски беспилотни летала, 34 се „изгубиле“
Украинската противвоздушна одбрана во текот на изминатата ноќ соборила 60 од 94-те лансирани беспилотни летала од Русија, соопшти денеска украинската армија, пренесоа британските медиуми.
Воздухопловните сили на вооружените сили на Украина на каналот Телеграм соопштија дека 34 од беспилотните летала се „изгубени“, термин што го користи украинската војска за да означи дека тие биле цел на уредите за електронско војување што ги пренасочило од нивниот курс во акцијата без да нанесат штета.
Укринформ пренесе дека во Киев и во голем број региони на Украина е објавено водушна тревога поради нападите на руските беспилотни летала. Русија објави дека зазела две населби во источна Украина.
Според соопштението на Министерството за одбрана во Москва, цитирано од руските меидуми, станува збор за селата Јантарное во Доњецката област и Калиново во Харков.
Податоците за ситуацијата на бојното поле се уште не можат да бидат потврдени од независен извор, пренесуваат британските медиуми.
Руското МО дополнително извести дека во текот на изминатите 24 часа, руските сили ги нападнале украинските воени аеродроми.
Ново на Сител
-
За една недела санкционирани 101 непрописно паркирани возила во Центар
-
Најмалку 56 уапсени во Лос Анџелес поради учество на протестите против рациите на имигранти
-
Приведен струмичкиот бизнисмен Ристо Крмзов
-
Најмалку 15 студенти загинаа во автобуска несреќа во Малезија
-
Нови цени на горивата
-
Путин ја одобри Стратегијата за развој на руската морнарица до 2050 година
-
Истрага против уште едно лице за пожарот во кочански “Пулс”
-
Израел ги уапси активистите од едрилицата „Медлин“, вклучувајќи ја и Грета Тунберг | ВИДЕО