Официјално отворање на скијачкиот центар „Михајлово“
Скијачкиот центар „Михајлово“ денеска стартува со работа. Центарот располага со ски стаза, ски лифт и сите неопходни елементи за скијачки центар. Местото е оддалечено околу 35 километри од Кавадарци, а според локалната самоуправа има потенцијал и за понатамошен туристички развој со ресторанско и хотелско работење и индивидуални сместувачки капацитети.
На официјалното отворање закажано за 12 часот најавено е присуство на премиерот Христијан Мицкоски.
До скијачкиот центар организиран е превоз од Кавадарци, од страна на јавното претпријатие „Градски превоз“, со возен ред којшто почнува во 8:30 часот. Повратен билет ќе чини 280 денари, а за оваа линија нема да важат мерките за субвенционирање за пензионери и ранливи категории на лица. Во текот на денешниот ден ќе сообраќа само линијата до „Михајлово“, а сите останати градски и приградски линии, нема да собраќаат.
За Центарот, како што беше претходно кажано, теренските работи се донација од компанијата „ЈА МИ“ - Кавадарци. Инвестицијата е донација од „Комерцијална банка“ и од „Кожувчанка“ ДОО.
Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев вели дека од оваа зимска сезона, во „Михајлово“ ќе може да се ужива во зимските спортови, покрај во убавините на природата на Кожуф планина. Ски центарот, како што посочува Јанчев, е проект ветен во предизборната програма.
- Кожуф планина е благодет за општината и државата. Тука е детското одморалиште „Михајлово“, ова важи за воздушна бања. Кон активностиte на терен пристапивме откако претходно ги добивме сите дозволи од надлежните институции. Кожуф како планина, во овој дел држи доста снег, речиси преку целата зима има снежна покривка. Сезоната може да се продолжува и со вештачки снег, вели Јанчев.
Патеката што во текот на зимата ќе се користи за скијање, во лето ќе може да служи за спортови со велосипед и други спортски и рекреативни активности. Донациите што ќе пристигнуваат за Центарот, ќе одат преку спортскиот центар „Јасмин“, што стопанисува со скијачкиот комплекс, скијачката патека.
Деновиве, во „Михајлово“ имаше интензивни врнежи од снег. Се очекува Центарот да биде омилена дестинација за туристи.
Ново на Сител
-
Спречени обиди за криумчарење на лекови, медицински игли, тутун, облека и обувки
-
Најмалку 66 загинати во пожарот во хотелот во турскиот ски-центар
-
ЕП го одобри Договорот за Фронтекс меѓу ЕУ и Србија
-
ЕУ одобри 60 милиони евра помош за Вооружените сили на Либан
-
Пристигнува револуцијата на доставата во Македонија!
-
Просечната нето плата во ноември 41.999 денари
-
Му кажале дека има 17.000 долари на сметка но за да ги подигне треба да внесе пари, 58-годишник измамен во Тетово
-
25-годишен радовишанец се обиде да ограби дом на 77-годишник