Постапка против десет лица за кривични дела поврзани со криумчарење возила
По спроведена претходна постапка и врз основа на обезбедените докази, Основното јавно обвинителство Скопје ќе поведе постапка против вкупно 10 лица за кои постои основано сомнение дека учествувале во дејствија криумчарење, фалсификување исправи и службени исправи, како и прикривање на стоки кои се предмет на криумчарење и царинска измама.
Како што се наведува во соопштението од ЈОРСМ, лицата во текот на 2021 и 2022 година, со лажни документи и преправени броеви на шасија, внесувале во земјава автомобили кои биле предмет на меѓународна потрага, како и автомобили за кои на друг начин ја избегнувале царинската контрола.
Возилата тука ги регистрирале и еден дел по неколкупати меѓусебно си ги препродавале за да го прикријат криумчарењето, по што ги отуѓувале на крајни корисници.
Меѓу осомничените се две службени лица – вработени во управни служби за регистрација на возилата.
Еден од осомничените е државјанин на Република Грција и за него, со оглед на претходно воспоставената соработка меѓу Основното јавно обвинителство Скопје и грчките органи, кривичниот прогон ќе биде отстапен на Република Грција, се наведува во соопштението од Обвинителството.
Ново на Сител
-
Македонија против Холандија во 2. коло од Светското првенство во ракомет
-
ЦУК: Нема пожари на отворено, 1 644 повици на 112
-
Обвинети припадници на организираната криминална група за посредување во вршење проституција и илегална трговија со дрога
-
Трагедија во Прилеп: Починаа новороденчиња близначиња
-
Вонреден инспекциски надзор за смртта на деветгодишното дете од Свети Николе
-
Властите во Лос Анџелес ги предупредија евакуираните да не се враќаат во своите домови најмалку уште една недела
-
Пезешкијан во Москва на разговори со Путин за стратешкото партнерство меѓу Иран и Русија
-
Пожар во складиште за батерии во Калифорнија, илјадници евакуирани