Македонија
25. December 2024 - 16:42
Реконструкција и проширување на патот Пеленица – Драчево
Започнаа градежните работи за реконструкција и проширување на патот Пеленица-Драчево, односно реконструкција на коловозот на патот кој води кон манастирот „Пеленица“ во општина Кисела Вода. Оваа делница, која не е обновена цели 30 години, конечно ќе добие нов лик и нов квалитет. Проектот, со вредност од околу 25 милиони денари се реализира со средствата на Владата која ги додели на општините за капитални инвестиции.
-->
-->