Го оштетил буџетот на МВР за скоро 80.000 денари - поднесена пријава за злоупотреба на службена положба
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи, до Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција-Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворска полиција, поднесе кривична пријава против Р.А. од Скопје поради постоење основи за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластувања“ по член 353 од Кривичниот законик.
Пријавениот, вработен како началник на Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје, во периодот од октомври 2022 година до јуни 2024 година, во месечни интервали и континуирано, две вработени со статус на овластено службено лице на работно место виш документарист во единицата, со кој што раководи, ги предвидувал и одобрувал во плановите и групите за домашно дежурство како извршители.
Пријавениот, постапувајќи спротивно на одредбите од Колективниот договор на МВР за домашно дежурство, на вишите документаристи кои немаат статус на полициски службеници им овозможил да бидат ангажирани за домашно дежурство, со што се стекнале со противправна имотна корист од 79.804 денари и за тој износ го оштетил буџетот на Министерството за внатрешни работи.
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди, согласно своите надлежности и овластувања, ќе поднесе Предлог за поведување на постапка за утврдување на дисциплинска одговорност и полицискиот службеник ќе биде суспендиран од своето работно место.
Ново на Сител
-
МАЕИ и „Патриотското друштво“ поделија подароци и книги на македонски јазик за децата од неколку села во Пустец
-
Блумберг: Средба Трамп - Путин може да има веќе идната недела
-
Земјотрес со јачина од 5 степени регистриран во близина на Пелопонез
-
Поради магла намалена видливост до 30 метри од селото Лисец до Попова Шапка
-
Ердоган по средбата со Зеленски: Турција ќе биде идеалниот домаќин за можните разговори меѓу Русија, Украина и САД
-
Заканувачки пораки за Гаши
-
Владата го задолжила Министерството за правда да достави предлог за разрешување на јавниот обвинител Коцевски
-
ОЈО Штип обезбеди докази за злоупотреба на службената положба и малтретирање во вршење на служба