Земјите од ЕУ потрошиле 6,5 милијарди евра на играчки во 2023 година
Изминатата 2023 година, во земјите членки на ЕУ биле увезени детски играчки во вкупна вредност од 6,5 милијарди евра, покажуваат податоците на Евростат.
Статистичкиот завод на ЕУ ги објави овие информации во пресрет на божиќните празници и највата за зголемена потрошувачка на детски играчки.
Минатата година увозот на играчки во ЕУ е намален за две милијарди евра во споредба со годината претходно. Кина останува главниот снабдувач, со 5,2 милијарди евра вредност на играчки увезени во ЕУ, што претставува 80 отсто од вкупниот увоз.
По Кина следат Виетнам со 367 милиони евра и Велика Британија со 150 милиони евра. Најголем увозник е Германија со 18 проценти, потоа Франција со 16 проценти и Холандија со 14 проценти.
Покрај увозот, земјите од ЕУ минатата година извезле играчки во вредност од 2,3 милијарди евра. Чешка предводи со 29 отсто од извозот, а по неа следуваат Германија со 19 проценти, и Белгија со осум проценти.
Ново на Сител
-
Во Скопје се одржа шестата Парада на гордоста
-
Сиљановска-Давкова прими Американци кои се на аџилак во земјава
-
На Табановце од македонска страна се чека околу 30 минути
-
Бугарија има јасен план за воведување на еврото од 1 јануари 2026 година, соопшти бугарската Влада
-
ОЈО: Скопјанец осомничен за семејно насилство, предложен притвор
-
При претрес на началник во полициската станица пронајден солзавец и муниција
-
Две лица на возраст од 52 и 77 години пронајдени починати во своите станови во Скопје
-
Голем пожар во Хрватска меѓу Омиш и Макарска