Соработката на Министерството за локална самоуправа и Мировниот корпус на САД потврдена со потпишување на Меморандум
Министерот за локална самоуправа Златко Перински и директорот на Мировниот корпус на САД Дејвид Рисајд потпишаа Меморандум за соработка, со што беше потврдено стратешкото партнерство меѓу двете земји и соработката во различни области, соопшти Министерството.
Како што се наведува во соопштението во наредниот период над триесет нови волонтери на Мировниот корпус ќе престојуваат во општини во земјава и ќе бидат вклучени во локалните заедници. Волонтерите преку соработка со локалната администрација, училиштата и граѓански организации ќе имаат можност да го научат македонскиот јазик, да ја запознаат нашата култура, но и да споделат искуство и да помогнат во изучувањето на англискиот јазик.
-Заемната размена на искуства и знаење е добредојдена и за двете страни. Оваа мисија значително ќе помогне за зајакнување на капацитетите на нашите општини, невладините и младинските организации, а во голема мера ќе придонесе и за унапредување на инклузивното образование во интерес на локалното население и општеството во целост, изјавил министерот Перински, кој се заблагодарил за досегашната и идна соработка.
Мировниот корпус на САД, обучува и ангажира доброволци за давање меѓународна развојна помош и реализира Програма за развој на заедницата, која се фокусира на организациски развој и градење капацитети на единиците на локалната самоуправа, центрите за регионален развој, невладините организации и младински центри, се наведува во соопштението.
Од 10 декември 36 лица на волонтерска основа ќе работат во два сектора, унапредување на наставата и инклузивното образование во основните и средни училишта и во секторот Развој на заедниците во невладини организации и во администрацијата на општините Росоман, Пехчево и Зрновци.
Соработката со Мировниот корпус во рамките на програмата за развој на заедницата започна во 2005 година. Низ годините во рамки на соработката, 91 волонтер работеле во 49 општини низ земјава, а само во последниве години волонтирале 25 лица, потсетува Министерството.
Ново на Сител
-
Пакистан ќе го номинира Трамп за Нобелова награда за мир
-
Најмногу дожд наврна во Охрид
-
Земјотрес со епицентар во Албанија почувствуван во Охрид и околината
-
Израел и Иран продолжуваат да разменуваат воздушни напади преку ноќ
-
Сончево и малку посвежо со локална облачност
-
Новата ракометна сезона почнува на 6 септември, на стартот Алкалоид – Охрид
-
Дивац опериран по сообраќајна несреќа во Црна Гора
-
Мбапе пуштен од болницата во Мајами