На 20-та собраниска седница, изгласани неколку предлог-закони во прво читање
Собранието попладнево на 20-тата седница, без пратенички дискусии, ја заврши општата расправа по неколку предлог-закони во прво читање за кои беше изгласан заклучок да бидат проследени во наредна, втора фаза.
Заклучоци дека се прифатливи да преминат во второ читање беа изгласани за: Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за акцизите; Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за културата; Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за матичната евиденција; Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за јавна чистота; Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за гробишта и погребални услуги и Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за комуналните дејности.
Донесени беа Законот за измени и дополнување на Законот за рамномерен регионален развој, по скратена постапка, дополнување на Законот концесии и јавно приватно партнерство и Закон за изменување на Законот за меѓуопштинска соработка, а беше усвоена и Одлука за одобрување Финансиски план на Македонската радио-телевизија за 2025 година.
На продолжение на 20-тата седница, кое ќе биде дополнително закажано, треба да се разгледа и Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за Посебен регистар за лица осудени со правосилна пресуда за кривични дела за сексуална злоупотреба на малолетни лица и педофилија.
Од дневниот ред на оваа седница треба да се гласа и за Годишниот извештај за работата на Државниот совет за превенција на детско престапништво и за состојбите во областа на правата на детето и детското престапништво за 2023 година.
Претседателката на Советот, Милка Масникоса, пред пратениците соопшти дека врз основа на 32 индикатора од 87 институции, евидентен е пораст на детско престапништво. Таа апелираше до градоначалниците во нивните локални заедници да формираат општински совети „како алка на сите чинители за спречување на детско престапништво“ со што ќе се придонесе за намалување на бројот на девијантни однесувања на децата.
Ново на Сител
-
МВР: На експресен пат почитувај ги правилата кои спасуваат животи
-
Тетовчанец управувал возило со 162 км/час на место каде е дозволено 80 км/час
-
Дурмиши: Нема драстично зголемување на цените на основните прехранбени производи
-
Изминатиот викенд 1077 сообраќајни прекршоци, 172 санкционирани возачи на мотоцикл
-
Завршни зборови на судењето за убиството на Вања и Панче
-
Мерко ослободен за набавката на аудито
-
Јужнокорејскиот претседател и јапонскиот премиер се договорија да ги зајакнат врските
-
За една недела санкционирани 101 непрописно паркирани возила во Центар