Македонија
15. November 2024 - 12:37

Локалната најавува капитални проекти

Во измените на програмите и ребалансот на буџетот вметнати и проектите одобрени од Влада.Советниците на општина Охрид бурно реагираа во поглед на реализацијата на капиталните проекти .Советничката од СДСМ Живка Ангелоска истакна дека и  овој ребаланс наликува на сите досегашни носени  во изминативе три години, со тоа што големите проекти коишто им биле  ветени на граѓаните се одложуваат.

Раководителот на секторот за комунални дејности Тони Иваноски пак подвлече дека со доаѓањето на градоначалникот  Пецаков е направен книговодствен пресек на долговите кон сите јавни претпријатија ,додавајќи дека иако буџетските средства се зголемени за 10% сепак расположливите средства на општината не се доволни за реализација на сите проекти.

Од локалната најавика дека Секторот за урбанизам издал одобрение за изградба на пречистителната станица во Трпејца, а за катната гаража и плоштадот Чинар одобренијата од Министерство за транспорт и врски ќе бидат издадени до крај на оваа година.