За ДУИ Ахмети не се заканувал со тоа дека сите Албанци ќе бидат на нозе
Ахмети не се заканува тврдат од неговата ДУИ за изјавата на нивниот лидер дека сите Алабанци ќе бидат на нозе, а плоштадите полни ако се допре алабанскиот јазик. Но, интегративците и денеска децидни дека нема да дозволат, како што велат, некој да ги чепне придобивките од Охридскиот договор, иако не откриваат кои механизми ќе ги искористата за тоа.
Од ДУИ претходно во соопштение порачаа дека тие не се оние што ја дестабилизраат државата, туку они што велат: „да ја вратиме земјата на Македонците“ или па како што пишуваат „ Тие што му наредуваат на Уставниот суд да го отстрани срцето на Охридскиот договор.
Власта веќе ги осуди изјавите на Ахмети. Премиерот Мицкоски го оцени лидерот на ДУИ како фактор на дестабилизација, но и дека неговите закани не го плашат.
За лидерот на СДСМ Филипче, изјавите на Ахмети не значеле дестабилизација, туку само вообичаен политички фолклор.
Пораките на Ахмети доаѓаат во пресрет на одлуката на Уставниот суд за Законот јазиците која се најавува за средината на идниот месец. Слични пораки интегративците испраќаа и за укинувањето на балансерот.
-
Катерина Нешкова
Сите содржини од овој новинар