-->
-->
ПСЖ би можел да го ангажира Куртоа за да му се одмазди на Реал за Мбапе
-->
Голманот на Реал Мадрид, Тибо Куртоа може да ја продолжи кариерата во ПСЖ.
Според „Defensa Central“, раководството на парискиот клуб е незадоволно од настапот на голманот Џанлуиџи Донарума и бара посигурен голман. Исто така, ПСЖ сака да му се одмазди на Реал за трансферот на Килијан Мбапе, па клубот се надева дека ќе го привлече 32-годишниот Белгиец за да го ослабне мадридскиот клуб.
Мбапе се пресели во Реал Мадрид во летото 2024 година како слободен играч.
Сезонава Куртоа одигра 12 натпревари, на кои прими 10 гола, а четири ја зачува мрежата чиста.
Договорот на голманот со Реал е до летото 2026 година.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Топол воздушен бран и температура до 40 степени во четврток и петок
-
За седум дена санкцонирани се 127 непрописно паркирани возила на територија на Општина Центар
-
Руска осуда на американските напади врз Иран во СБ на ОН: САД ја отворија Пандорината кутија
-
Манчестер сити убедливо го порази Ал Аин на Светското клупско првенство
-
МотоГП: Марк Маркез ја освои ГН на Италија
-
Бублик го совлада Медведев за титулата во Хале
-
Милан бара од 15 до 18 милиони евра за Мората
-
Терористички напад во грчка православна црква во Дамаск, најмалку 15 мртви