-->
-->
Нетанјаху му честиташе на Трамп: Најголемото враќање во историјата
-->
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска го изрази своето задоволство од успехот на Доналд Трамп на претседателските избори во САД и му честиташе на републиканскиот кандидат за „најголемото враќање во историјата“.
„Вашето историско враќање во Белата куќа нуди нов почеток за Америка и моќна посветеност на големиот сојуз на Израел и Америка. Ова е огромна победа!“, порача израелскиот премиер во пораката до Трамп.
Според проекциите на агенцијата Асошиејтед прес и другите водечки медиуми, Трамп е на чекор до победата на претседателските избори во САД, откако обезбеди мнозинство гласови пред неговата ривалка, кандидатката на Демократската партија Камала Харис.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Осомничен за држење автоматска пушка под истрага на ОЈО Струга
-
Пријави за поставени бомби, пожари и прекин на железнички сообраќај, меѓу вчерашните јавувања на 112
-
Утрово насекаде минусни температути, најстудено во Берово -9
-
„Џо, отпуштен си“ - објави Трамп и му забрани на Бајден пристап до класифицирани информации
-
Најмлад до 1.000 тројки во НБА: Едвардс го собори рекордот на Букер
-
Хорнер останува во Ред Бул до 2030 година
-
Енрике го продолжи договорот со Пари Сен Жермен
-
Мемфис Депај осуден на 4 месеци затвор