Македонија
5. November 2024 - 17:01

Опозицијата станува резервирана за изборите што ги понуди Мицкоски

СДСМ нема да поднесе барање за расупуштање на Собранието. И покрај тоа што лидерот Филипче вчера рече дека партијата е подготовена веднаш да оди на избори и тоа поорганизирано и поуспешно, денеска од неговата пратеничка група резервирани. Пратениците велат во парламентот ќе биле само конструктивна опозиција. 

Од друга страна опозициската ДУИ се уште е загреана за ново граѓанско изјаснување. Ахмети вечра на митинг во Куманово најавил дека ќе ја напушти лидерската позиција ако загуби на следните избори. Претходно од коалицијата Вреди побараа тој да потпише нотарска изјава дека ќе се повлече од позицијата ако изгуби на предвременените избори што ги бара.  

Но, интегративците денеска со дообјаснување: ДУИ не губи на избори, за Ахмети да се повлече, а Вреди се само декор во Владата. 

- „Собата 161 им стана кошмар, во треска се да не се појават СМС пораките во јавноста како доказ за нечесните понуди што ги имаа да влезат во Влада наместото на ВРЕДИ со половина министерства, без спикерот на Собранието и со ветување за поддршка на терен да се изберат Македонци за градоначалници на општините во Струга и Кичево на локалните избори во 2025 година. Објавувањето на овие постоечки сведоштва го означува крајот на оваа застарена политичка елита. Коалицијата ВЛЕН смета дека наместо предвремени избори, е идеално време за одговорност за досегашното лошо владеење“, реагираат од Коалицијата Вреди.

Предвремените избори се отворија како тема по минатонеделните пратенички прашања.

Премиерот Мицкоски ги понуди како одговор на барањето на Филипче тој да се повлече од премиерскиот мандат, но со предупредување дека опозцијата може да се покае откако ќе ги види резултати.