Концерт на рускиот пијанист Корољов и Македонската филхармонија
Рускиот пијанист Евгениј Корољов вечерва во Домот на Армијата ќе настапи како солист со Македонската филхармонија.
На концертот насловен „Црн бран“, Корољов ќе го изведе Концертот за пијано и оркестар во c-moll од Волфганг Амадеус Моцарт, а за првпат под дирегентската палка на Јануш Пшибилиски од Полска, ќе биде изведено и делото „City Noir“ од култниот современ американски композитор Џон Адамс. На програмата е и делото „Молитвами...“ од Гоце Коларовски, со кое ќе се одбележат десет години од прераната смрт на овој македонски композитор.
- Секогаш со задоволство доаѓам во Македонија. Јас долго не сум свирел со оркестарот на Македонската филхармонија, но знам дека во моментов е уште подобар од минатото. Затоа се надевам на убава соработка и на одличен концерт, изјави Корољов.
Корољов (1949) е роден во Москва каде што студирал на Московскиот конзерваториум. Живее и работи во Хамбург, а од 1978 година е професор на тамошниот Колеџ за музика. Заедно со својата сопруга, македонската пијанистка Љупка Хаџигеоргиева, го формира дуото „Корољов“, со кое настапува ширум светот и од своето постоење (1976) се здобива со значајни награди.
Покрај делата од периодот на класицизмот и романтизмот, како и делата од современиот репертоар, отсекогаш бил заинтересиран за творештвото на Ј.С.Бах.
Ново на Сител
-
Владата донесе одлука со која цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април
-
Фитнесот почна како мода но полека стана здрава навика | Стефанија Бубало | Јанг стори | Sitel Podcast 032
-
ДИК донесе заклучок за конечност на резултатите од првиот круг на претседателските избори
-
Бискупот Стојанов упати Велигденска честитка до Архиепископот г.г. Стефан и верниците
-
Пронајдено тело на починат маж во Вардар во Велес
-
Благодатниот оган и оваа година од Ерусалим ќе пристигне во Грција
-
Зеленски: Русија во април употреби 300 ракети, 300 дронови и 3.200 касетни бомби во нападите врз Украина
-
ДСЗИ најави забрана на Клиниката за токсикологија за здравствени работници без договори за вработување