Фудбал
28. October 2024 - 13:28

Тен Хаг доби отказ во Манчестер јунајтед

Премиерлигашот Манчестер Јунајтед донесе одлука да се раздели со менаџерот Ерик Тен Хаг.

Ерик од 2022 година беше тренер и во овој период успеа да му донесе два трофеи на клубот во англискиот Лига Куп и ФА Купот.

Јунајтед ја информираше јавноста дека привремено решение ќе биде легендата Руд Ван Нистелрој кој беше дел од стручниот штаб на Тен Хаг.