Loading Video...
Свет
26. October 2024 - 16:50

Преглед на вестите од светот

Израел го нападна Иран. Рано утрово израелската армија извршила како што велат прецизни напади врз воени цели во Иран.

Иранската државна телевизија информира дека неколку силни експлозии се слушнале околу Техеран a иранската војска потврди две жртви. Во Техеран утрово животот тече нормално. Граѓаните тврдат дека воопшто не се исплашени од израелските напади.

По нападот на Техеран утрово, светот живее во страв од можната одмазда на Иран. Велика Британија повика на смирување на состојбите а Белата куќа го предупреди Техеран дека ќе се соочи со големи последици.

Кулминира кампањата за американските претседателски избори. Популарната американска пејачка Бијонсе синоќа ја поддржа кандидатурата на Камала Харис за претседателка на САД. Таа ја повика демократската кандидатка на сцена во својот роден град Хјустон во државата Тексас и се приклучи на големиот број поп ѕвезди кои традиционално ги поддржуваат демократите. Претходно на сцената со Камала Харис стоеше најбогатата поп ѕвезда Тејлор Свифт. 

И ако со пејачите им оди добро, демократите имаат сериозни проблеми со сопствениците на весниците. По Лос Анџелес Тајмс и Вашингтон Пост реши на овие избори да не даде поддршка на ниту еден кандидат. Ако се има предвид дека и двата весници важат за поддржувачи на Демократите, Трамп нивната одлука на вчерашниот митинг во Мичиген ја славеше како победа.