Судењето за случајот „Организатори на 27 април“ презакажано за 14 ноември
Судењето за случајот „Организатори на 27 април“ е презакажано за 14 ноември годинава, откако изутрината обвинетите Спиро Ристовски, Трајко Вељаноски и Миле Јанакиевски, преку адвокатот Еленко Миланов поднесле барање до Основниот кривичен суд на денешното рочиште да одлучи по поднесокот за амнестија без да се изведуваат материјални и вербални докази.
Претседателот на Судечкиот совет, судијата Илија Трпков, информираше дека во поднесокот обвинетите навеле дека потребно е Судот да донесе решение за примена на Законот за амнестија, бидејќи веќе има воспоставено таква пракса, односно Кривичниот совет во 2018 година има донесено решение за амнестија во тек на главна расправа, во фаза на доказна постапка, каде не се чекало завршување на доказната постапка.
-Во прилог е доставено решение на Кривичен совет, Одделение за организиран криминал и корупција, од 20.12.2018 година со образложение дека решението било донесено во текот на главна расправа, во фаза на доказна постапка и не се чекало завршување на доказна постапка. На Јавното обвинителство ќе му доставам примерок од ова решение, како и примерок од поднесокот…Јас го разгледав поднесокот и вистина е дека донесено е решение за амнестија во текот на доказна постапка, не само за обвинетиот во наведениот случај, туку и за други обвинети, меѓутоа јавниот обвинител нека се произнесе и нека даде мислење, со оглед на тоа дека овој поднесок го примивме во текот на денешниот ден, посочи судијата Трпков.
Обвинети во овој предмет се поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, екс министрите за транспорт и врски и за образование, Миле Јанакиевски и Спиро Ристовски, како и поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски.
Тие се товарат дека сториле кривично дело „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“.
Апелацискиот суд во април годинава ја укина првостепената пресуда од јули 2021 година, со која Вељаноски беше осуден на шест и пол години затвор, екс министрите Јанакиески и Ристовски добија казна од 6 години и три месеци затвор, додека поранешниот директор на УБК Атанасовски шест години затвор, и предметот го врати на повторно судење.
Процесот го води судијата Илија Трпков, а застапник на обвинението е јавната обвинителка Искра Хаџи Василева.
Ново на Сител
-
Руте: Европа има важна улога во обезбедувањето траен мир во Украина
-
Мицкоски: Ја разрешуваме неизвесноста во евроинтеграциите со зачестени средби и наши аргументи | ВИДЕО
-
Средба Зеленски-Келог: Силни односи Украина-САД ќе бидат од корист за целиот свет
-
Мицкоски е потврден говорник на годишната Конференција на конзервативците во Вашингтон | ВИДЕО
-
Путин: Во Русија лани за тероризам биле осудени 1.075 лица
-
Првите луѓе на ЕУ ќе го посетат Киев на третата годишнина од руската инвазија
-
Откриено картелско работење
-
Жерновски отповикан од амбасадор во Романија - дознал преку „Службен весник“