Временските услови оптимални за есенска сеидба
Временските услови кои изминатите денови беа со периоди на сончево и релативно топло време, а на одделни места и со повремени врнежи од дожд и слаб до умерен ветар, се оптимални за есенската сеидба кај поледелските култури, велат агрометеоролозите од УХМР.
Според нив, од голема важност е да се запази рокот за сеење.
-Во тек е садењето на оделни градинарски култури, како и собирањето на преостанатите градинарски култури. Во винарството, виновата лоза е во фаза на подготовка за зимски одмор. Ова фаза почнува по полната зрелост, а завршува до опаѓањето на листовите. До опаѓањето, листовите се уште продолжуваат со својата фотосинтетска активност. Се случуваат и други физиолошки процеси во растението кои се насочени во складирање на резервни хранливи материи кои ќе бидат потребни за следната вегетација, созревање на ластарите, диференцирање на окцата и приготвување на зимски период за мирување. Кај овошните насади, кај некои доцни сорти, бербата се уште се изведува. Се препорачува да се применуваат правилни агротехнички мерки, снабдување на културите со потребните количества на хранливи материи со што се зголемува отпорноста кон зимски мразеви, како и примена на сертифициран семенски материјал со добри квалитетни сортни карактеристики што одговара на стандардите, истакнуваат агрометеоролозите.
Најдобро е, нагласуваат, да се земе семе од реонирани и селекционирани сорти со добра здравствена состојба и да се употребува квалитетно ѓубриво.
-Доколку временските услови дозволуваат, треба да се продолжи и со другите агротехнички мерки, додаваат агрометеоролозите од УХМР.
Ново на Сител
-
Американските сили објавија видео од Б-2А авионите пред нападот врз Иран
-
Да се избегнуваат патувања во земјите од Блискиот Исток со влошена безбедносна состојба, апелираат од МНР
-
Човек сам може да направи разлика, но, сите може да направиме историја, порача премиерот Мицкоски
-
Иран ќе продолжи со одмаздата како одговор на американските напади, вели висок ирански функционер
-
Мицкоски: Ќе се бориме да донесеме правда и да го урнеме системот на „бандитизам“ создаден од политички и бизнис структури
-
Бела куќа: Администрацијата на Трамп очекуваше иранска одмазда
-
Цените на нафтата паднаа за 5 отсто по нападот на Иран врз американската воена база
-
ИДФ го заврши својот досега најобемен бран напади врз Техеран