Македонија
15. October 2024 - 13:42

Во петок и сабота повремени локални врнежи и пониски температури

УХМР најавува дека од четврток облачноста ќе се зголеми, а во петок и сабота ќе има повремени локални врнежи од дожд и пониски температури за 5 до 7 степени.

Утре наутро ќе биде постудено, а преку денот сончево и релативно топло време со појава на локална облачност.  

-Од четврток ќе има зголемена облачност и утринските температури ќе бидат малку повисоки, а по одделни котлини ќе има услови за појава на магла, информира УХМР