Кремљ: Путин е отворен за дијалог со Шолц
Рускиот претседател Владимир Путин е отворен за дијалог со германскиот канцелар Олаф Шолц, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков за руската новинска агенција Интерфакс.
- Постојано изјавувуваме дека остануваме отворени за контакт, рече Песков, но истакна дека досега немало никаков предлог од германска страна за телефонски разговор.
Како што пренесе ДПА, Песков го кажа ова одговарајќи на изјавата на германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок, која во петокот рече дека Путин повеќе не сака ни да разговара со канцеларот по телефон.
Шолц неодамна нагласи дека мора да се истражат можностите за мир и има извештаи за планиран телефонски разговор меѓу германскиот канцелар и Путин.
На почетокот на октомври, Песков рече дека Путин е отворен за дијалог иако, според него, односите меѓу Москва и Берлин се ефективно на дното – не поради Русија. Тој додаде дека „на површина нема заеднички прашања“.
Шолц последен пат телефонски разговараше со Путин во декември 2022 година, кога тој повика на дипломатско решение и повлекување на руските трупи од Украина. Во јуни, Шолц рече дека не може да исклучи разговор со Путин во иднина, но нагласи дека ќе има смисла само ако има нешто конкретно за разговор.
Ново на Сител
-
Австриска министерка за надворешни работи: Путин губи време, Русија ќе биде преплавена со ковчези
-
Откако Израел прогласи „тактичка пауза“, пристигнаа 100 камиони со помош во Газа
-
Алиу: 205 милиони евра за болници кои инспирираат доверба, а не страв
-
Мицкоски: Пустец е доказ дека припадноста не се брише, дека коренот останува, дури и кога над него дуваат силни ветрови
-
До 18 часот вкупно 29 пожари на отворен простор, од нив 14 активни
-
Три жени осомничени за полови дејствија со деца и детска порнографија во гостиварско
-
Мајка и ќерка повредени кога нивното возило излетало и застанало на пругата кај Стар Мост во Велес
-
Ангелов: До 13:30 часот се евидентирани 16 пожари на отворен простор, од нив осум се активни