Сиљановска Давкова го честита еврејскиот празник Јом Кипур
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, упати порака до претседателот на Еврејската заедница Пепо Леви и до сите нејзини припадници, по повод одбележувањето на еврејскиот празник Јом Кипур.
Почитувани,
Дозволете ми на сите припадници на Eврејската заедница во Македонија да ви посакам „денот на деновите“, најсветиот еврејски празник - Јом Кипур да го поминете во мир и хармонија, во добро здравје и во радост и љубов.
Одбележувањето на празникот на покајувањето и искупувањето, со молитва и пост, ни ја посведочува длабоката и жива духовност на Еврејскиот народ. Горди сме што иако мала, еврејската заедница во Македонија, суштински придонесува за нашето општество чувајќи ги сопствените традиции и крепејќи ги заедничките вредности, соживотот и заедништвото.
Да го избегнеме вителот на светските геополитички искушенија и надминеме домашните премрежија. Да останеме сплотени и солидарни неуморно работејќи на просперитетот и напредокот на нашата татковина.
Мојата порака ја завршувам со традиционалниот поздрав за Јом Кипур - G’mar chatima tova.
Гордана Сиљановска Давкова, претседател на Република Македонија
Ново на Сител
-
До крајот на денот облачно со сончеви периоди, од утре дожд и снег
-
Кешишев полнел бензин во шише во близина на партијата “Десна” утрото пред грабнувањето на Вања
-
ДСЗИ ќе бара од Таравари формирање стручна комисија за лекувањето на деветгодишното дете
-
28 годишник физички нападнал доктор во тетовската болница
-
Пожар во старечки дом во Кавадаречко, се евакуираат 30 лица
-
Надлежните очекуваат раст на заболени од грип, пикот се очекува кон средината на февруари
-
„Најтажниот ден“ во годината
-
Скопје со умерено аерозагадување, Сараево најзагаден град во светот