Македонија
11. October 2024 - 8:50

За време на продолжениот викенд автобусите од јавниот градски превоз во Скопје ќе сообраќаат по неделен возен ред

За време на трите дена од продолжениот викенд по повод државниот празник 11 Октомври – петок, сабота и недела, автобусите од јавниот градски превоз ќе сообраќаат по неделен возен ред, информира ЈСП Скопје.

-Денеска и в недела дежурни ќе бидат билетарниците и центрите за персонализација во Транспортен центар, Ѓорче Петров и Зелен пазар и ќе работат од 8 до 14 часот. Жичницата ќе функционира вообичаено, со работно време од 10 до 18 часот, при што од 17 до 17:30 часот е последното возење од долу кон врвот, а во 17:45 часот е последно возење од врвот надолу, соопшти ЈСП