Македонија
2. October 2024 - 17:06

Ахмети не сака да биде дел од власта, не бил резервна гума

Али Ахмети и партнерите од Европскиот фронт не сакале да бидат дел од власта во која албанците биле послушници на премиерот. На партиски собир за 100 дена од работењето на владата им порачаа на ВРЕДИ  и ВМРО ДПМНЕ да не си играат со чувствата на Албанците укинувајќи го балансерот и повторно отворајќи дебата за законот за јазиците. Ахмети кој не отстапува од ставот дека тие се легитимен претставник Aлбанците не открива како конкретно ќе делуваат по информациите дека спремаат дестабилизација на државата. Ќе го слушале народот и така ќе постапувале.

Барањето на правата на Албанците и протестите не значат дестабилизација, вели Села. Ја повика коалицијата ВРЕДИ да стане дел од Европскиот фронт, и потоа заеднички, како што рече, „да му го покажат местото на Христијан Мицкоски“.

„Не обвинија дека сме хистерични за власт, но еве ние нема да дојдеме кај вас, дојдете вие кај нас, ќе го осмислиме нашиот фронт и ќе му го покажеме местото на Христијан Мицкоски, ќе му ги покажеме црвените линии и до каде има право да постапува со овој народ“, изјави Села.

Од ВРЕДИ им вратија - Криминалното раководство на ДУИ, Села и Тачи, ќе прават претстава за да не се соочат со правдата. Нема да дозволиме да го потценуваат албанскиот народ.

Но и Европскиот фронт и коалицијата ВРЕДИ се на иста страна кога станува збор за балнсерот и законот за бранители, велат такво нешто нема да се случи и Aлбанците да излезат од сите институции.