Започна новата академска година – Си ја гледаат ли бруцошите иднината во Македонија?
За 7.000 е намален бројот на студенти за десет години, покажува истражувањето на Центарот за граѓански комуникации. Најголема загуба има УКИМ, за 10 години има 5.000 студенти помалку. Во ера на одлив на мозоци од државата, новите студенти иднината ја гледаат дома.
Ректоратот на УКИМ свечено ги пречека идните академски граѓани, доделувајќи индекси на најдобрите студенти. Пораки за добредојде им упати и државниот политички врв.
Министерката за образование која присуствуаше на првиот академски час во Штип порача дека ќе се подигне студентскиот стандард.
И додека се намалува бројот на студенти, во изминатите години се зголемил бројот на вработени професори и соработници на факултетите. За последните десет, универзитетскиот кадар се дополнил со повеќе од 1.000 нови лица.
-
Габриела Лескова
Сите содржини од овој новинар