Македонија
30. September 2024 - 16:37

По пораката на ДУИ: Подготвени ли сте?, МВР одговори: Ќе се справиме со сите предизвици за дестабилизација

На сите предизвици насочени кон дестабилизација на државата МВР е поготовено и жестоко ќе одговори, одговара министерот Панче Тошковски откако од пред два дена опозциската ДУИ по партиски состанок во Мала Речица испрати порака „Подготвени ли сте?“ и „Ние сме овде и сме подготвени“.

Службите во рамки на институционалните форми кои што ги имавме во државата, а се занимаваат со овој тип на надлежност, проследуваа и проследуваат соодветни информации до надлежните раководни органи во рамки на истите. Тие беа споделувани соодветно и со премиерот и со претседателката. Така што, сето она кое што сме го говореле во минатото, од аспект на обиди какви што веќе видовме во овие месец дена, за подгревање на меѓуетнички тензии, дека се реалност, соодветно одговоривме, соодветно ќе одговориме и во иднина. Кога велам соодветно одговараме, велам дека МВР ги има соодветните капацитети за да одговори на начин на кој што ќе биде потребно сè со цел сите граѓани да се чувствуваат безбедно и мирно и во рамки на тој безбеден и мирен систем да ги остварува правата

Интегративците засега молчат што точно значи „Подготвени ли сте?“, порака која стигна непосредно пред 100 дена од Владата на Мицкоски и одбелужувањето што по тој повод вчера го направи Вреди. Неофицијално се работи за партиски активности на терен за да се изрази незадоволството од политиките на Владата и посебно од алабанскиот партнер. Домнинатни би биле прашањата што се однесуваат на алабанската етничка заедница, но и застојот во ЕУ интеграциите. Сепак, на автопатот Скопје – Тетово денеска осамна и транспарент со ликот на Ахмети „Команданте ние сме подготвени“. По времената мерка за стопирање на Балансерот Ахмети повика на протест на граѓаните.

Од Вреди засега не се загрижени за ваквиот „предизвик“ што го става ДУИ на маса.  И денеска првиот вицепремиер Изет Меџити вели дека опозцијата е деструктивна од прв ден од новата власт.

 „Отворија некои работи од минатото што не ги затвориле, како што е Законот за јазиците, балансерот, Бадентер, имаа доволно време, осум години да ги решат, но не ги решија, и сега ја злоупотребуваат и судската власт за дневна политика.  „Ова не е оправдување, за жал, ги инструментализираа за дестабилизација и за сеење магла за да се спасат од одговорност. Ова не е оправдување, ние и покрај ова, секојденвно бевме посветени на нашите ветувања и нашата програма.

 Меџити уверува и дека евроинтеграцискиот процес останува еден од клучните приоритети на Владата.