Нивото на Охридското Езеро постојано осцилира
Постојаните осцилации на Охридското Езеро негативно влијаат врз растителниот и животинскиот свет. Нивото варира во зависност од хидролошката состојба, обемот на врнежи а во голема мера и од од регулирањето на истекот на реката Црн Дрим. Дополнително ваквата состојба се одразува и на градежните објекти во крајбрежјето и фрескоживописот во црквите на кои влијае влагата од езерото.
Екологистот Наумоски смета дека потребно е да се направат две мини акумулации во Дебрца, една во Радомирово, а друга во Годивје и кога ќе се намали нивото преку реката Сатеска да се пушта вода во Охридското Езеро за одржување на нивото на езерото.
Екологистите сметаат дека влијание врз честите осцилации на водостојот покрај временските прилики има и човечкиот фактор.
-
Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар