Loading Video...
Свет
29. September 2024 - 20:06

Преглед на вести од светот

НЕВРЕМЕ ВО РЕГИОНОТ, ПОГОДЕНИ СРБИЈА, СЛОВЕНИЈА, ХРВАТСКА И ДЕЛОВИ ОД БИХ

Поплавени улици, куќи и други објекти, откорнати дрвја и покриви. Силно невреме ги зафати Хрватска, Словенија, Србија и делови на БиХ. Во Хрватска, невремето ги погоди главниот град Загреб и задарската жупанија. Во западна Словенија се излеа реката Соча во областа Бовец. Противпожарните служби евакуирале 30 лица.  Во БиХ, најмногу дожд падна во Бања Лука. Во Србија, Дунав предизвика поплави во Бачка Паланка.

ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ ВО АВСТРИЈА

Парламентарни избори во Австрија на кои според анкетите за прв пат би можела да победи крајнодесничарската партија на слободата предводена од Хербет Кикл. Анкетите проценуваат дека партијата на слободата ќе освои околу 28% од гласовите далеку под прагот потребен за целосна победа. Поради ова договарањето коалиција може да оди тешко за Кикл. Канцеларот Карл Нехамер чија конзервативна народна партија е втора според анкетите со 24%, веќе ја отфрли можноста за коалицирање со Кикл и ги повика гласачите да гласаат за него за да се спречи екстремната десница да дојде на власт.

НЕПАЛ ПОД УДАР НА КАТАСТРОФАЛНИ ПОПЛАВИ: ЗАГИНАА НАД 100 ЛИЦА

Најмалку 112 лица го загубија животот во поплавите во Непал, додека 67 се водат како исчезнати. Покрај човечките загуби, поплавите предизвикаа и значителна материјална штета. Многу патишта, мостови, куќи, деловни објекти и земјоделски насади се уништени. Владата на Непал побара меѓународна помош за справување со катастрофата.