Обид за убиство во Кочани - напаѓачот е фатен и приведен
Обид за убиство во Кочани. На 13-ти септември во вечерните часови, осомничениот 24 годишен кочанчанец се договорил да со оштетениот, 38 годишен негов сограѓанин, да се најдат на паркинг просторот кај Споменикот на слободата во Кочани заради купопродажба на мобилен телефон. Осомничениот влегол во возилото на оштетениот започнал да разговара со него и да го разгледува телефонот. По кратко време од џебот извадил нож и му задал удар во витален дел од главата и вратот под брадата, нанесувајќи му отворена рана од околу 2 до 3 сантиметри. Ножот се скршил, а осомничениот продолжил со дршката да го удира.
Нападнатиот успеал да му ја фати раката, по што напаѓачот побегнал од возилото. На 14-ти, наутро на граничниот премин „Табановце“, напаѓачот е фатен и приведен, а полицијата му поднесе кривична пријава за обид за убиство. Поради опасност од бегство и можноста да влијае на текот на кривичната истрага, судија во претходна постапка му одреди мерка притвор во траење од 30 дена.
-
Трајан Ристовски
Сите содржини од овој новинар