Македонија
15. September 2024 - 16:37

Околу 500 000 метри кубни дрва годишно завршуваат на црниот пазар

Дивата сеча на шумите во Македонија  е феномен кој е резултат на корупција, немањето институционални капацитети и дупките во законската легислатива. Формалните податоци на инстициите се дека годишно на црниoт пазар завршуват помеѓу 25,000 и 30,000 кубни метри дрва за огрев, меѓутоа во пракса оваа бројка е многукратно поголема.

-Одредени истражувања коишто прават споредби на потребите за загревање и официјалната потрошувачка, укажуват дека и околу 500.000 метри кубни на годишно ниво имаме нелегално дрво на пазарот..Во нашите презентации тоа би било како да наредиме дрво  од Скопје до Ниш, ама ова испаѓа да може да наредиме и до Белград, дрво во височина од еден метар, за да имаат престава граѓаните колку тоа изнесува, изјави Сашо Петровски-шумарски инжинер, претседател на Здружение „Рефорд“.

Експертите сметаат дека и позади големите шумски пожари кои годинава, но и изминатите години наназад проголтаа околу 9 % од вкупниот шумски фонд, стои бизнисот со пелети.

-Сомнежот како таков постои. Се шпекулира нормално со секакви информации. За жал се уште немаме никакви докази. Да, точно е дека на одредени места пожарот по којзнае колку пати се случува. Тоа не е случајно, изјави Војо Соколовски, претседател на Националното здружението на приватни шуми.

Според податоците со кои располага здружението „Рефорд“  само во изминатите две години  Шумска полиција има поднесено над 900 кривични пријави за нелегална сеча, а ниту еден предмет нема судска разрешница.