Боки 13 повторно на обвинителна клупа за „Меѓународен сојуз“
Бојан Јовановски повторно седна во обвинителна клупа за предметот Меѓународен сојуз. Откако Апелациониот суд му ја укина пресудата од 9 години затвор и го врати предметот на повторно судење, денеска се читаше новото обвинение за предметот каде Јовановски се товари дека со наводен проект за изградба на комплекс за возрасни, измамил двајца бизнисмени и со парите што тие му ги уплатиле ја финансирал неговата поранешна телевизија 1ТВ и купуивал лични предмети.
Јовановски вели обвинението и овој пат е речиси исто, а тој тврди дека е невин .Доказите што ги поседува неговата одбрана ќе докажат дека не сторил никакво кривично дело.
Адвокатот на Јовановски, вели дека со доказите што ги поседуваат обвинението нема да помине, бидејќи според него станува збор за граѓанско правен однос, а не кривично дело измама.
Во предметот Меѓународен сојуз чии пресуди Апелација ги укина и го врати на повторено судење, првообвинет беше Бојан Јовановски и доби казна од 9 години затвор за измама и перење пари, за помагање во двете дела Јасна Ерцеговиќ доби четири години затвор, додека за помагање во делото перење пари Христина Блажевска доби една година затвор. Условна казна доби таткото на Бојан Јовановски, додека екс потпретседателката на Собранието, Фросина Ремески доби ослободителна пресуда. Се товареа дека преку невладината организација Меѓународен сојуз изнудиле близу еден милион евра.
-
Тамара Дичоска
Сите содржини од овој новинар